Честопати само така ги земаме лековите против болки, без да размислуваме за нивниот ефект врз телото.
Како делуваат најчестите аналгетици кои се достапни за секого и колку долго смее континуирано да се земаат? Кога зборуваме за лекови против болки, особено е важно да се истакнат оние кои се достапни за продажба, кои секој може да ги купи во аптеките. Поради достапноста, обично се случува навикнување, а, според статистичките податоци, најпродавани се ибупрофен, парацетамол, напроксен натриум и комбинација од парацетамол, пропифеназон, кофеин и кодеин.
Се пресметува според телесната тежина на лицето на кое му е наменет лекот и во повеќето случаи, за жал, „не се погодува“. Покрај тоа, не можеме да ја игнорираме улогата на болката, која е субјективен симптом. Болката е индивидуално чувство за секого, и така мора да се третира секој пациент – индивидуално.
Овие лекови не се паметни и не знаат што точно ве боли, туку делуваат на центарот за болка преку различни механизми и на тој начин го спречуваат непријатното чувство. На ист начин, повеќето од овие лекови не само што имаат аналгетски ефект, туку делуваат и против треска и воспаленија. Како и со се што се зема подолго време, може да дојде до навикнување. По некое време таблетите имаат послаб ефект на болката, па ни требаат поголеми дози.
Во некои други случаи, дозата што ја земаме е недоволна за рецепторите, па по извесно време потребно е дозата да се зголемува се повеќе. Подолг временски период значи повеќе месеци, па и години, бидејќи по еден месец нема да дојде ни до некои преголеми промени кај генералното здравје на лицето.
Без разлика колку некои таблети се сметаат за „безопасни“, пред да се земе првата доза задолжително е да се прочитаат упатствата за лекот, каде во повеќето случаи е наведено препорачаното времетраење на употреба. Во случаи кога оваа информација не е наведена во инструкциите, лекот се зема додека симптомите не се подобрат ( ако во прашање се главоболка или менструални болки, не подолго од 10-15 дена). Доколку симптомите не исчезнат, потребно е да се јавите на лекар бидејќи болката може да е поврзана со некои други болести.