Колку и да ја пеглате косата, никогаш не е совршено ПРАВА? Поради овие грешки, изостанува беспрекорниот изглед

popara3 октомври, 20221min00
pegla-kosa

Внимавајте да не ги правите овие грешки

Вистина е дека пеглата за коса е многу штетна, но често немаме друго решение освен да ја искористиме за правење фризура.

Многу е делотворна кога станува збор за исправување на косата, а ретко која девојка не ја користи.

Секој сака да добие совршено права коса и да го извлече максимумот од овој уред.

Влагата во воздухот може да ги наруши овие планови, особено сега кога пристигнаа есенските денови. Меѓутоа, временската прогноза не е единствениот виновник зошто не го постигнуваме она што го сакаме – совршено мазна и права коса.

Првата грешка е пеглање на косата која е сè уште влажна. Не само што нема да го добиете изгледот за кој сонувавте, туку може да ја оштетите косата. Почекајте целосно да се исуши и дури потоа вклучете ја пресата.

Никогаш не треба да заборавите на производите за заштита на вашата коса од високи температури. Ако практикувате да ја пеглате косата без да користите заштитни производи, таа може да го изгуби природниот сјај и да стане сува и кршлива.

Избегнувајте пеглање на максимални температури за влакната да не станат кршливи.

Пред пеглањето, исправете ја косата со фен и четка за коса, за да ја минимизирате директната изложеност на топлина.

Не претерувајте и не поминувајте еден прамен низ пресата повеќе од еднаш. Исто така, избегнувајте да ја стискате пеглата додека ја исправате косата.