Добро погледнете го секој дел од оваа илустрација
Способноста да се концентрирате на некоја активност е основата на целото учење. Оптичките илузии, загатки ни помагаат да вежбаме и да ја зајакнеме нашата концентрација и способност да ги согледаме деталите.
Доколку сакате да решавате тешки загатки и оптички илузии, сигурно ќе ви се допадне и оваа.
Илустрацијата „Дрвото на националните лидери“ стана хит на социјалните мрежи, а во коментарите никој не се согласува околу одговорот.
Првите две лица кои јасно се гледаат се Маргарет Тачер и Михаил Горбачов, додека другите лица се скриени.
Авторите на илустрацијата откриваат дека има дури 11 лица, а на вас останува да ги најдете.
Добро фокусирајте се и погледнете ја илустрацијата од повеќе агли.
Дали ги најдовте сите 11 лица? Ако не, видете каде се наоѓаат на фотографијата подолу.