КОЛКУ СТЕ ЗДРАВИ, ќе дознаете врз основа на тоа колку често имате СЕКС!

popara27 март, 20221min00
10c25297f521b400fb1e2e82df28774a4b7c1ebd

Колку повеќе водите љубов, толку ќе бидете поздрави, а во зависност од бројот на денови во неделата кои ги поминувате со жешки игри во кревет, ќе имате помалку или повеќе здравствени придобивки.

Веќе е познато дека сексот има свои лековити ефекти, а психолозите ќе ви кажат дека сексот е исклучително добар за вашето здравје, но колку корист ќе добиете од него целосно зависи од вас.

Секс еднаш неделно

Позитивно ќе влијае на одржувањето на линијата. Водењето љубов го поттикнува лачењето на окситоцин, кој придонесува за помирен и поквалитетен сон. Повеќе сон – помала тежина, бидејќи сонот го регулира лачењето на хормоните грелин и лептин, кои се одговорни за чувството на глад.

Два пати неделно

Луѓето кои уживаат во сексот најмалку двапати неделно имаат 30 проценти нивоа на имуноглобулин, кој му помага на телото да се одбрани од болести, покажа американското истражување. Ако имате редовен секс, имунитетот ви е посилен, па помали се шансите да „фатите“ инфекција.

Три пати неделно

Сексот го зголемува пулсот и ја забрзува циркулацијата на крвта. Луѓето кои уживаат во сексот најмалку три пати неделно имаат помал ризик од срцев удар од оние кои немаат толку среќа.

Четири пати неделно

Сексот четири пати неделно позитивно ќе влијае на вашиот тен. Ако имате чест секс ќе останете млади подолго. За време на сексот се зголемува производството на колаген, што го спречува појавувањето на брчки и пеги на кожата. Квалитетниот сексуален живот придонесува за блескав тен и сјајна коса, бидејќи циркулацијата за време на сексот е забрзана. Како резултат на тоа, кожата добива повеќе кислород и изгледа посвежо.

Пет пати неделно

Редовниот сексуален однос го подига општото ниво на енергија, не прави оптимисти и креативни. Освен тоа, вашата врска со партнерот ќе биде подобра и подлабока.

Шест пати неделно

Сексот не прави попаметни. Подобрата циркулација значи дека мозокот работи подобро, а кога доживуваме оргазам, доживуваме „експлозија“ на хормони, кои многу влијаат на нашите интелектуални способности.

Седум пати неделно

Ако успеете да го направите ова, секоја чест, тоа значи дека не дозволувате „вознемирувачки животни фактори“ да ве спречат да уживате во животот. Редовниот секс го намалува нивото на стрес и ги ублажува анксиозните пореметувања кои се толку чести во денешно време, покажало истражувањето, чие објаснување веројатно лежи во зголеменото лачење на ендорфин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma