КОЛКУ ТРАЕ ПАТЕЊЕТО ПО РАСКИНУВАЊЕ? Сигурно не сте очекувале ваков одговор!

popara22 октомври, 20221min00
377835_x1_f

Раскинувањето е секогаш болно, без разлика колку време сме поминале со партнерот, а еден од факторите на страдање е колку човекот вложил во врската и дали се надевала дека ќе потрае, тврдат експертите.

Тагата по раскинувањето или разводот може да биде долготрајна, па понекогаш се чини дека поминале месеци или дури години без значителни промени во вашата емоционална состојба, истакнуваат експертите. Но, секогаш нè интригира прашањето колку долго трае тагата или страдањето од губење на партнерот.

– Се забавував со момче само пет недели пред да раскинеме, а сега, речиси четири години подоцна, сè уште сонувам за него и често се прашувам каде е и како е. Кога ќе го спомнам во разговор, слушам гнев и повреденост во сопствениот глас, а доколку повторно го сретнам, дефинитивно би почувствувала трема и пеперутки во стомакот – изјавила Кели, советник за врски, која вели дека многу луѓе имаат слични приказни за фрустрирачки долготрајни чувства кон поранешните партнери.

На прашањето колку време треба за да се преболи некој, вели, нема точен одговор.

– Една студија од 2007 година покажа дека 71 процент од луѓето кои поминале низ неодамнешно раскинување се чувствуваат подобро по околу три месеци, додека една студија од 2018 година вели дека луѓето пателе околу шест месеци. Јасно е дека нема многу доследност, и колку и да е убаво да се има формула која ќе ви каже дека се гледа крајот, на некои луѓе им треба многу повеќе време за да ја преболат поранешната љубов – вели таа.

Психотерапевтот, советник за парови и авторка на „The Phone Addiction Workbook“ Хилда Барк вели дека не постои стандарден образец за тоа колку време е потребно да се преболи некој, а семејниот и брачниот терапевт Хајди Мекбин истакнува дека тоа зависи од личноста и од она што го прави за да го преболи и се помири со раскинувањето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma