Колку чекори треба да правите дневно за да почнете да губите килограми?

popara18 февруари, 20221min00
47ff902e1af8ef86e848070fc8d3a79b202aef3c

Планинарењето може да стане вашата омилена физичка активност доколку ги разберете сите нејзини придобивки. Секако, омиленото нешто кај оваа физичка активност е фактот што го одржуваме телото во форма и го враќаме во форма, но ќе ни помогне и да се ослободиме од мастите од различни делови од телото.

Ако сакате да пешачите и вашата цел е да ги изгубите вишокот килограми, колку километри треба да поминете секој ден, колку чекори да направите или колку минути да пешачите? Според сегашните препораки, тоа е помеѓу 150 и 300 минути неделно. Поточно, треба да пешачите половина час, пет дена во неделата.

Меѓутоа, ако сакате да бидете сигурни дека правите нешто за вашето тело, треба да пешачите малку подолго од тоа. Научникот Кедрик Брајант вели дека треба да се трудите да пешачите од 45 минути до еден час секој ден. И не мора да го правите тоа одеднаш, можете да одите на неколку прошетки дневно.

Тој советува и кога малку напредувате, да се предизвикувате и да почнете да одите по угорница. Покрај тоа, бидете креативни со вашите прошетки. Променете ја трасата, површината, околината …

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma