Колку често треба да ја перете постелнината: Експертите велат дека постои една работа каде што речиси сите грешиме

popara8 декември, 20221min00
Screenshot_10

Третина од  животот поминуваме во нашиот кревет. Тоа значи дека дури 56 часа од неделата на нашата постелнина оставаме пот, телесни течности и изумрени клетки од кожата. Па колку често треба да ја перете постелнината?

 

 

 

Од тоа на која температура треба да биде водата во која ја перете, до тоа колку време треба да помине за постелнината да биде комплетно чиста, потребно е да внимавате на неколку работи.

 

Колку често треба да ја перете постелнината?

 

За да бидете сигурни дека нема никакви бактерии (посебно бактеријата дерматофагоидес која може да предизвика алергија) или било какви други алергени, чаршафите најдобро е да ги перете еднаш неделно.

 

 

Полнење на машината за перење на облека

 

На постелнината потребно ѝ е многу простор за да бидат ефикасно исчистена, па не би требало да ставате многу чаршафи во машината за перење.

 

Кога ги перете, најдобро е во машината само нив да ги ставате, а не и други работи како чорапи или долна облека кои може да се замотаат околу чаршафите или да влезат во внатрешниот дел на постелнината.

 

 

Одбирање на програма

 

Памучната постелнина може да се пере на речиси секоја програма, но добро е да проверите на етикетата дали со сигурност одговара секоја програма и општо да ги прочитате инструкциите.

 

Ако постелнината не е многу валкана, доволно е да ја ставите на програма за благо перење, а ако имате дамки тогаш можете да се одлучите за 95 степени. Перењето на високи температури добро е да го избегнувате колку можете повеќе, бидејќи така постелнината полесно и побргу се оштетува.

 

 

Температура на водата

 

Употребувајте топла вода посебно во периодот на настинки и грипови.

 

 

Дали постои правилен начин на ставање на детергентот и соодветен избор на производот?

 

Водете се по инструкциите кои ги добивате со самата машина за перење на облека и инструкциите кои се назначени на самиот производ. Понекогаш постои можноста машината да не успее да го раствори целиот детергент кој сте го ставиле, па да добиете иритација на кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag