Комбинации на намирници кои помагаат при анемија: Лесно се подготвуваат и многу се вкусни!

popara25 април, 20221min00
417886_caj_f (1)

Замор, главоболка, повремено заматен вид, кршливи коса и нокти, па дури и тахикардија не се само симптоми на пролетен замор, туку и недостаток на железо…

Анемијата е состојба на недостаток на црвени крвни зрнца (еритроцити) кои содржат црвен и протеин богат со железо хемоглобин, кој е одговорен за транспорт на кислород.

Симптомите на анемија вклучуваат замор, слаба концентрација, ослабен имунитет, низок крвен притисок, воспаление на јазикот, забрзано чукање на срцето, треска, вртоглавица, слабост, бледило, чувство на студенило во екстремитетите, малаксаност, депресија, нарушувања на спиењето и намален апетит.

Храна против анемија

Кога станува збор за храната, најбогати извори на железо се црвеното месо, црниот дроб, јајцата, остригите, школките. На второ место се зелениот лиснат зеленчук, цвеклото – народен лек за анемија, интегралните житарки, мешунките, сувото овошје, темното чоколадо и какаото.

Бидејќи витаминот Ц ја поттикнува апсорпцијата на железото, се препорачува споменатата храна да се комбинира со овошје и зеленчук богати со витамин Ц, лимон, портокал, киви, пиперка…

* Во 2,5 dl вода сварете 5 g свежи листови од орев 15 минути, процедете и испијте пред ручек.

* Една кафена лажичка суви листови од коприва прелијте со 2 дл зовриена вода и оставете да отстојат 5 минути. Процедете и земајте по три шолји чај дневно.

* Направете сок од репка со добар блендер. Пијте 1-2 пати на ден. Идеалната единечна доза на сок е од 0,5 до 0,8 dl и не треба да се надминува.

* Измешајте 250 гр какао во прав, 250 гр путер, 250 гр кафеав шеќер, 7 лажички јаболков оцет и 2 лажички морска сол. Промешајте сè и ставете го во тегла. Земете една кафена лажичка три пати на ден. Оваа мешавина е особено погодна за деца кои одбиваат да пијат чај и да јадат храна со малку железо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag