Комбинација од ТРИ лекови може ТРАЈНО да ги оштети бубрезите: Никогаш не ги земајте ЗАЕДНО

popara30 декември, 20221min00
23188_medications-g577c5cc11-1280_f

Кога бруфен се комбинира со диуретици и одредени лекови за притисок, добиваме комбинација која е опасна за бубрезите – може да предизвика трајно оштетување, според новата студија на Универзитетот во Ватерло, која била спроведена со помош на најсовремен компјутерски метод.

Ибупрофен (се продава како бруфен) е вообичаен лек за треска и болка. Исклучително е популарен, лесен за набавување и генерално безбеден. Сепак, некои луѓе треба да знаат дека комбинирањето на ибупрофен со други лекови може да биде доста опасно.

Ибупрофенот и други слични лекови против болки се достапни без рецепт, што автоматски наведува некои луѓе да веруваат дека се безбедни. Сепак, научниците предупредуваат дека лековите секогаш треба да се користат со претпазливост и во консултација со лекар за комбинирање на различни лекови, дури и ако некои од нив ви изгледаат сосема наивно.

Истражувачите ги тестирале лековите користејќи компјутерска симулација за да ги следат интеракциите на трите лекови и нивниот ефект врз бубрезите. Во овој случај, тие го разгледале ибупрофенот, инхибитор на ренин-ангиотензин системот (RSA) што се користи за висок крвен притисок и диуретици. Овие модели откриле дека за некои луѓе оваа комбинација може да биде доста опасна – да ги оштети бубрезите, што во некои случаи е трајно.

„Не дека секој што ја зема оваа комбинација на лекови ќе има проблеми. Но, истражувањето покажува дека е доволен проблем поради кој треба да се внимава“, вели една од авторките на студијата, Анита Лејтон.

Овие лекови понекогаш се користат заедно и сите се доста вообичаени. Диуретиците го принудуваат телото да исфрли вода – во основа, луѓето кои ги земаат овие лекови почесто одат во тоалет. Овој ефект се манифестира преку бубрезите, кои потоа може да се оштетат со комбинирање на лекот со ибупрофен. Лековите за висок крвен притисок се исто така доста чести и неопходни за земање.

Научниците се исто така возбудени поради самиот метод. Компјутерското моделирање овозможува да се провери компатибилноста на лековите без да се вршат долги и скапи тестови. Математиката и компјутерските науки можат да обезбедат добра почетна точка за студии за компликации од лекови во некои специфични случаи.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma