Добивме бомбастична вест од светот на филмот – беше објавено дека Саматна Џонс, еден од најпознатите ликови во популарната серија Сексот и градот, ќе се појави во вториот дел од продолжението на reboot верзијата.
На задоволство на многубројните фанови на серијата Сексот и градот, минатата година пристигна продолжението на омилената серија. Сепак, фановите останаа разочарани кога видоа дека омилената Саматна не е дел од стандардната екипа. Сега очигледно, тоа се промени.
Веста ја потврди режисерот Мајкл Патрик Кинг во интервју за Variety. На прашањето дали Ким Катрал повторно ќе блесне во својата позната улога, тој кратко одговори: Да!
Ова е големо изненадување откако последен пат тој одговори дека Катрал нема да се врати во франшизата бидејќи не е добредојдена. Самата актерка во неколку наврати изјави дека нема шанси да ја комплетира стандардната актерска екипа.
Кинг дополнително објасни дека целата ситуација е сепак нова за него и дека не сака детално да коментира за овој потег додека „работите не станат реални“.
„Целта ми е да ги спојам сите ликови во познат микс, за да не бидат на расплетани патеки. Возбуден сум и воодушевен што можам да продолжам да ја раскажувам приказната за живите и храбри ликови кои ги играат овие моќни и неверојатни актери. Факт е дека сите сме воодушевени“, изјави Кинг.
Покрај Катрал, стандардната актерска екипа ја сочинуваат Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, Миранда Хобс и Шарлот Јорк-Голденблат.
Една од причините за разделбата во стандардната актерска екипа беше кавгата помеѓу Катрал и Паркер. И двете подоцна потврдија дека ништо од ова не е вистина и дека нивната врска повторно служела како храна за озборувања и дека сега се фокусирани на заработка.
„Никогаш не побараа од мене да бидам дел од продолжението. Јасно ги кажав моите чувства по можното снимање на третиот филм и на крајот дознав за тоа како и сите други, преку социјалните мрежи. Бев збунета и не знаев како ова шоу ќе функционира без сите четворица. Голема мудрост е да се знае кога е доволно“, рече Катрал во интервју за Variety и изгледа дека на крајот се предомислила.
Без разлика дали таа не можеше без нив, или тие без неа, многу ни е драго што стандардната постава конечно е заедно.