Користете го за време на циклусот: Ако имате БОЛНИ менструации, пробајте домашен МЕЛЕМ против грчеви

popara19 ноември, 20221min00
Dysmenorrhoea

Нанесете го на местото каде што чувствувате грчеви и многу брзо ќе забележите олеснување.

Има жени кои имаат многу болни циклуси и затоа често мора да земаат лекови за да ги ублажат.

Тоа може да биде сериозна пречка за секојдневниот живот бидејќи го отежнува функционирањето.

Ако сте една од оние жени кои имаат многу болни менструации и секој месец страдаат од болни грчеви, тогаш пробајте го овој мелем кој ќе ја ублажи болката.

Состојки:

7 гр восок

19 гр масло од шафран

40 капки есенцијално масло од жалфија

30 капки есенцијално масло од нане

20 капки есенцијално масло од касија

20 капки есенцијално масло од семе од чили

6 капки есенцијално масло од лаванда

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги восокот и маслото, па ставете на пареа да се растопат и соединат. Се трга од пареа, се додаваат етеричните масла, се меша и се лади. Додека смесата е уште течна, истурете ја во мал стаклен сад и оставете да се стегне.

Користете со едноставно нанесување на местото каде што ги чувствувате грчевите и многу брзо ќе ја почувствувате топлината и олеснувањето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma