КОРОНАТА ГО МЕНУВА МОЗОКОТ, ДУРИ И АКО СТЕ ЈА ПОМИНАЛЕ НА НОЗЕ! Два симптоми особено ги загрижуваат експертите, но тоа не е сѐ!

popara8 март, 20221min00
Screenshot_9

Кај загрижувачки висок процент на пациенти забележани се промени во мозокот по короната.

 

Магнетната резонанца на пациенти со Ковид 19 покажа загрижувачка работа, открија научниците од Универзитетот во Оксфорд.

 

Анализирани се податоците од 785 учесници во студијата, кои биле подложени на магнетна резонанца. Помеѓу двете снимки, 401 од нив биле заразени и прележале корона, а само 15 морале да одат во болница, што значи дека огромното мнозинство имале поблага клиничка слика.

 

Снимките потврдија нешто од што лекарите долго време се плашеа – дека короната предизвикува промени во мозокот, имено оштетување на ткивото и намалување на бројот на сиви клетки во два клучни региони.

 

Најголем дел од промените се пронајдени во центрите на мозокот за сетилото за мирис, што веќе беше познато до одреден степен, бидејќи на повеќето пациенти им беше дијагностицирана аносмија, односно губење на чувството за мирис. Но, пронајдени се промени и во деловите на мозокот одговорни за сеќавање на настаните што сме ги доживеале.

 

Магнетната резонанца покажала и дека мозокот во просек се намалува за одреден процент доколку се набљудува целиот волумен. Намалената когнитивна функција исто така беше забележана како симптом кај учесниците во студијата.

 

Сега, научниците, кои ја објавија својата студија во списанието „Nature“, ќе се потрудат да утврдат дали когнитивните промени се реверзибилни, односно дали е можно да се вратат изгубените функции по короната.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma