Кортни Кокс тврди дека Метју Пери си вршел притисок на себе да биде духовит на серијата „Friends“

popara22 февруари, 20221min00
serija-prijatelji-830x0

Кортни Кокс изјави дека нејзиниот колега од серијата „Friends“, Метју Пери, вршел огромен притисок врз себе да биде духовит додека го игра неговиот лик Чендлер Бинг. Актерката смета дека почувствувал обврска да ја насмее публиката во студиото „Warner Brothers“ во Лос Анџелес.

„Тоа беше голем притисок врз себе“, изјави Кортни Кокс за The Sunday Times.

Да потсетиме, екипата на серијата „Friends“ се собра минатата година за да учествува на ретроспективната специјална програма наречена „The One Where They Get Back Together“.

Метју Пери бил мачен од алкохол.

– Тој само се бореше некое време. Мислам дека сега му оди добро“, изјави Кортни.

Актерката призна дека сака повторно да се сретнува со колегите од серијата и истакна дека никогаш нема да ѝ здосади да зборува за времето кое го имала во серијата.

– Не, тоа беше огромен дел од мојот живот. Беше толку среќна ситуација што влегов во шоуто, а поминав низ толку многу работи во тие 10 години – изјави Кортни.

Таа имаше само пофални зборови за колегите од „Friends“.

– Споделивме толку многу историја заедно и се смееме. Смеата на Лиза е најзаразната смеа што сум ја видела. Тоа е неодоливо – изјавила Кортни.

Инаку, Метју Пери ќе ги објави своите мемоари во ноември 2022 година, каде ќе зборува за времето од „Пријатели“, како и за неговите проблеми.

– Ќе нурне во својата зависност, се разбира, плус ќе ги расчисти гласините за неговите чувства кон пријателите – изјави извор за Us Weekly и наведува дека се ќе биде искрено.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma