Кортни Лав тврди дека улогата била нејзина, но дека подоцна останала без истата
Кортни Лав тврди дека поради Бред Пит ја изгубила улогата во филмот „Fight Club“ од 1999 година, откако ја одбила неговата идеја да го глуми нејзиниот покоен сопруг Курт Кобејн во биографскиот филм.
Пејачката од групата „Hole“, 58, раскажа сè во новата епизода од подкастот „WTF“ на Марк Марон.
Меѓутоа, откако ја одбила понудата на Пит да го игра Кобејн во филмот, Лав добила телефонски повик од режисерот на „Fight Club“, Дејвид Финчер.
„Ме отпушти затоа што не му дозволував на Бред да го игра Курт“, изјави Кортни Лав.
Во меѓувреме, извор близок до филмот изјави за „DailyMail.com“: „Пред скоро дваесет и пет години, Кортни Лав беше на аудиција за улога во „Fight Club“, улога која никогаш не и беше понудена. Не може да ве отпуштат на работа што не сте ја добиле. Општо познато е дека за улогите не одлучуваат други актери туку режисерот“.
Сепак, Кортни Лав тврди дека ја добила улогата
Таа потоа се присети на моментот кога разговарала со режисерот Гас Ван Сент, кој и ја изнел идејата на Бред да го игра фронтменот на Нирвана.
Кортни „експлодирала“ од гнев и не дозволила тоа да се случи.
Лав, која во тоа време беше во врска со Едвард Нортон, кој глуми со Бред Пит во филмот „Fight Club“, изјави дека нејзиното момче не можело да интервенира и повторно да ја вработи.