КОСАТА ВИ Е БЕЗЖИВОТНА И БЕЗ СЈАЈ Зелениот чај ќе ја врати во живот

popara17 март, 20221min00
Screenshot 2022-03-17 004329

Благодарение на неговите антиоксидантни својства, ги штити фоликулите на влакната

На косата понекогаш и е потребна поинтензивна нега.

А еден од првите знаци дека треба да и посветите повеќе внимание е губењето на сјајот.

Ако е безживотна и сива, време е да ја вратите во живот.

Тоа најдобро ќе го постигнете со користење на природни решенија.

Кога ќе се спомене чај, сигурно на памет прво ви паѓа настинка, течење на носот и неизбежното кивање.

Сепак, чајот, особено зелениот чај, може да биде вашиот најдобар пријател.

Идеален е за нега на сува коса без сјај. Благодарение на своите антиоксидантни својства ги штити фоликулите на влакната. Исто така содржи висок процент на витамин Е кој делува смирувачки на скалпот и го забавува лачењето на лојните жлезди одговорни за мрсната коса.

Затоа еве неколку упатства како да го искористите на најдобар можен начин.

Две кесички зелен чај потопете ги во половина литар вода, покријте ги и оставете да се изладат. Исплакнете ја косата со ладен чај, оставете да делува 5 минути, а потоа исплакнете со млака или ладна вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma