Косата ќе ви биде како да сте излегле од салон: Направете локни без употреба на топлина, се што ви треба го имате дома!

popara17 август, 20221min00
2122_taisiia-stupak-mwabe4jcuhi-unsplash_f

Летото е сè освен време кога треба дополнително да ја изложите косата на извори на топлина. Зголеменото УВ зрачење, сонце, море, сол… се само дел од аспектите кои дополнително делуваат на косата и ја прават кршлива, а сигурни сме дека тоа не го сакате.

Од друга страна, има ли нешто поубаво од бујните кадрици со летен, лелеави фустани, како што гледаме одвреме навреме на Инстаграм? Меѓутоа, доколку сакате ваква фризура, имаме добри вести – не мора секогаш да добивате големи, заводливи локни со помош на шипки за виткање или рамни пегли. Напротив!

Социјалните мрежи како и секогаш дојдоа на помош, а интересно е што „sock curls“ повторно станаа вирални и покрај сите бројни туторијали. Причината? Многу е едноставно – вака добиените локни траат најдолго, дури и кога е 35+ степени, односно кога многу се потите.

Се што ви треба се две чисти чорапи и две ластичиња, а резултатите сигурно ќе ве воодушеват. Погледнете го туторијалот:

@asianndra

Reply to @rio.makino tutorial on how I got this hair!! 🧦✨

♬ original sound – alxandra