Кошаркарот јавно потврди дека повторно ја изневерил Кардашијан: „Детето е мое, не го заслужуваш ова понижување“

popara8 јануари, 20221min00
Screenshot_14

– Чувствувам најголема почит и љубов кон тебе. Без разлика што мислиш. Повторувам, неверојатно ми е жал – изјави тој

 

 

Кошаркарот Тристан Томпсон на својот Инстаграм ги потврди приказните дека повторно ја изневерил Клои Кардашијан, која веќе му простила едно неверство.

 

Имено, Тристан во објавата призна дека е татко на новородениот син на манекенката Марали Николс, за во следната да ѝ се извини на Клои велејќи дека таа не го заслужува тоа што ѝ го направил.

 

– Денеска резултатите од тестот за татковство открија дека имам дете со Марали Николс. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки. Сега кога е воспоставено татковството, со нетрпение го очекувам пријателското воспитување на нашиот син. Искрено им се извинувам на сите што ги повредив или разочарав за време на оваа искушение, јавно и приватно – напиша Тристан во првата објава.

 

– Клои, ти не го заслужуваш ова. Не ја заслужуваш болката и понижувањето што ти го нанесов. Не го заслужуваш начинот на кој јас се однесував со тебе низ годините. Моите постапки се спротивни од начинот на кој те гледам. Чувствувам најголема почит и љубов кон тебе. Без разлика што мислиш. Повторувам, неверојатно ми е жал – изјави тој во втората приказна на Инстаграм.

 

Да потсетиме, минатата пролет беше објавена веста дека НБА ѕвездата ја изневерува Кардашијан со манекенката Сидни Чејс, која во подкастот No Jumper изјавила дека имала афера со кошаркарот.

 

Како што изјави тогаш, не знаела дека тој е во врска со Клои Кардашијан.

 

Еден од првите скандали во нивната врска се случи кога Клои дозна дека Тристан ја изневерил со Џордин Вуд, најдобрата пријателка на нејзината сестра Кајли во тоа време.

 

Клои и Тристан ја имаат ќерката Тру.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma