Како и козметичките производи, сунѓерчињата за шминка имаат рок на траење и тој рок на траење никогаш не треба да се игнорира. Затоа е многу важно редовно да ги миете и навреме да ги замените со нови.
Ава Шамбан, дерматолог од Беверли Хилс, вели за Allure:
– Треба редовно да ги миете и менувате блендерите и сунѓерите на секои три месеци.
Идеално, би требало да ги миеме нашите сунѓери по секоја употреба за да избегнеме акумулација на бактерии.
– Сунѓерите се полни со клетки на кожата и на тој дел можат да се размножат бактерии. А тој прекумерен раст, ако не се забележи, може да ја иритира кожата. Доколку има потенцијални алергени кои остануваат во сунѓерчето по нанесувањето на шминката, тогаш можно е повторениот контакт да доведе до воспалителен осип – тврди Ава.
Ова се знаци дека рокот на вашиот сунѓер за пудра е истечен и дека е време да го замените.
1. Поминаа три месеци
За животниот век на бјути блендерот важи правилото за три месеци. Се разбира, тоа зависи од тоа колку често го користите. Ако сте некој кој се шминка секој ден, можеби ќе треба да купите ново пред да наполни три месеци. Од друга страна, ако речиси не го користите, можете да го продолжите неговиот животен век на нешто повеќе од три месеци.
2. Вашиот сунѓер за шминка изгледа „истрошено“
Можеби е „издржлив“ сунѓер, но по многу користење и миење ќе се излупи, искине или ќе ја изгуби формата. Исто така, ако почнете да ја гледате природната боја како исчезнува, тоа е знак дека треба да го замените. Користењето на деформиран сунѓер целосно ја поништува неговата намена, бидејќи неговиот облик на јајце е еден од квалитетите што го прават толку ефикасен.
3. Појава на митесери и мозолчиња
Сè што почнува да избива на кожата е знак за тревога. Ако сте биле ригорозни и упорни во рутината за нега на кожата или не можете да го припишете ненадејното појавување на мозолчиња на хормоналните промени во телото, тогаш главниот виновник може да биде акумулацијата на бактерии во вашиот сунѓер.