
Раперот прв ѝ испрати барање за пријателство на пејачката, а таа потоа се фотографираше во неговите патики.
Пред неколку недели домашните медиуми ги преплавија информации дека поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест ја следи Јелена Карлеуша на Инстаграм.
Уште поголем прав се крена кога пејачката позираше гола во неговите патики, а она што беше многу интересно е тоа што Карлеуша е единствената ѕвезда од овој регион што ја следи раперот. Меѓутоа, на инстаграм-пријателството му дојде крајот.
Имено, Канје веќе не ја следи Карлеуша, но и таа него, па се поставува прашањето, кој кого прв отследил.
