Добрите парфеми чинат мало богатство, а колку повеќе ги користите, толку повеќе „испаруваат“ во воздухот.
Меѓу мирисите со висока цена, има и многу кои не се особено силни или трајни, бидејќи – едноставно – нивната формула е таква, па жените често носат шише во чантата и мора да го обноват парфемот на кожата во текот на денот. Но, дамите смислија трик како да го забават процесот на испарување, а во исто време е многу евтин.
Се што ви треба е вазелин кој треба да се нанесе на вратот и рацете и потоа да се испрска со парфем. Можете сами да проверите како делува вазелинот – нанесете го само на едниот зглоб, а на двата ставете парфем. Проверете на крајот од денот – која рака мириса подобро!
Вазелинот е одличен и за кожата, ги смирува воспаленијата и егземите, а можете да го користите и за финална заштита, откако ќе нанесете слоеви на серуми и креми. Пријатен е и за усните, па со него можете да ги замените поскапите производи за нега.