Дали очекувавте дека овој пар ќе биде во фокусот на третата сезона на Бриџертон?
Љубители на оваа серија подгответе се! Дејството на третата сезона конечно е откриено и едно е сигурно – фокусот е на парот кој одамна требаше да ги добие своите 5 минути.
Имено, Нетфликс на 13-ти април 2021 година потврди дека „Бриџертон“ сигурно ќе ја добие третата и четвртата сезона, а прва која ги откри деталите за заплетот беше Симон Ешли која ја глуми Кејт Шарма и која потврди дека иако по долго тегнење и компликации со семејството таа и Ентони Бриџертон (Џонатан Бејли) запловија во мирно пристаниште, нивната приказна штотуку почнува, но тие не се единствените.
Никола Кофлан, или Пенелопе Федерингтон, попозната како Лејди Вистлдаун, зборуваше за се на Инстаграм.
„Како што направи Лејди Вистлдаун и јас чував голема тајна долго време… но дефинитивно можам да ви кажам дека третата сезона на Бриџертон ќе биде за приказната на Колин и Пенелопе“, напиша актерката на Инстаграм.
Новата сезона на Бриџертон треба да го следи продолжението на приказната помеѓу Ентони и Кејт.
Креаторите на серијата потврдија дека оваа сезона нема да се потпираат толку на книгите и дека изненадувањата се секогаш можни, а во третата сезона ќе видиме добро познати ликови.
Дали има трејлер за 3-та сезона и дали е познат конечниот датум?
Засега сè уште нема трејлер, а иако не е официјално потврден датумот, доколку ги следиме претходните премиери, новата сезона на „Бриџертон“ би требало да започне на пролет или лето следната година.