Откако заврши прославата на платинестиот јубилеј, кралицата Елизабета Втора се одлучи на уште еден потег кој ја разбранува јавноста.
Имено, таа одлучила јавно да каже што кому ќе му припадне, а се е слично на она што го правеле изминативе неколку години.
Како најверни и највредни членови на семејството, принцот Вилијам и Кејт ќе имаат можност да живеат во прекрасниот замок Виндзор. За разлика од нив, синот Ендру, кој имал афера поврзана со педофилија, ќе живее во Шкотска.
Сепак, сите очи се вперени во Хари и Меган Маркл, бидејќи тие се откажаа од сите функции што ги имаа како членови на кралското семејство. Она што го добија, според британските медиуми, се 15 минути од официјалното време на кралицата. Двојката во Англија останала 4 дена, но посетата била „официјална“ и многу студена.
Според извештаите на медиумите, кралицата имала тајни разговори со војводата од Јорк и високи членови на кралското семејство за тоа како може да му се помогне на принцот Ендрју да ја врати добрата репутација далеку од очите на јавноста. Сепак, синот е син.
Очигледно и по многу скандали единствено што е реално е кралицата да го избере принцот Чарлс за свој наследник, кој ќе живее и работи од Бакингемската палата. Во тој случај, замокот во Виндзор останува слободен да го населат Вилијам и Кејт со нивните деца.
Оваа одлука е донесена пред четириесеттиот роденден на Вилијам и претставува еден вид подарок од кралицата за нејзиниот внук, но принцот Вилијам се пошегува дека сето тоа е малку „страшно“ за него.