Кривична пријава за жените кои ја полија со супа сликата на Ван Гог: Ќе одговараат за нанесената штета

popara16 октомври, 20221min00
tan2022-10-141413394830-830x0 (1)

Британската полиција денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против двете еколошки активистки кои ја полиле со супа од домати сликата „Сончогледи“ од Винсент Ван Гог.

Еколошките активисти на организацијата „Just Stop Oil“, кои во петокот во Националната галерија во Лондон го полија ремек-делото на Ван Гог „Сончогледи“ со супа од домати, а вчера беа уапсени, кривично ќе одговараат за предизвикување штета, наведува Ројтерс.

На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се забележат две девојки како истураат вода врз сликата од 1888 година, која била заштитена со стакло, а со лепак ги закачуваат дланките на ѕидот до сликата.

Лондонската полиција соопшти дека по инцидентот уапсила две жени на возраст од 21 и 22 години, додека Националната галерија соопшти дека освен мало оштетување на рамката, сликата не е оштетена, а подоцна повторно била изложена.

Друг активист, исто така, ќе се појави на суд откако беше обвинет за оштетување на знак пред седиштето на полицијата во центарот на Лондон, а полицијата соопшти дека вкупно 28 лица биле уапсени за време на протестите во петокот.

Just Stop Oil е еколошка организација која користи граѓански отпор за да ја натера владата на Британија да запре нови дозволи и производство на фосилни горива.

– Што вреди повеќе? Уметност или живот? Дали вреди повеќе од храната? Дали вреди повеќе од правдата? – извикувале двете активистки откако ја полиле со супа сликата на Ван Гог, објави Скај њуз.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma