Актерот Кристијан Бејл во интервју за магазинот GQ откри дека за познатиот филм „American Psycho“ од 2000 година бил помалку платен од шминкерот на сетот. Како што изјавил, земал минимална плата, а некои дури и го исмевале поради малата плата.
– Никој не сакаше да ја работам таа работа освен режисерот. Па ми рекоа дека можам да се вработам само ако ме платат толку. Ми го платија законскиот минимум. Се сеќавам на еден ден од снимањето кога седев во приколката за шминка и сите ми се смееја затоа што заработувам помалку од нив – рекол Бејл и додал дека улогата всушност била наменета за Леонардо ди Каприо и дека кариерата му ја должи на него.
– И не само јас. Секоја улога што ја добива еден актер денес е затоа што Лео ја одбил. Не е важно колку си „добар“ со режисерите. Сите овие луѓе со кои сум работел претходно, сите тие прво му ја понудија улогата на Ди Каприо. Затоа, ти благодарам, Лео, бидејќи тој навистина може да избере што прави. И секоја чест за него, тој е феноменален – изјави Бејл.
Инаку, во филмот „American Psycho“ Кристијан Бејл го игра младиот, богат и проблематичен бизнисмен Патрик Бејтмен, а неговата глума беше пофалена од многу критичари. Некои велат дека тој одлично го играл овој лик.
Поточно, дека улогата на Патрик Бејтмен е најдобрата улога на Кристијан Бејл во неговата кариера.
Погледнете го трејлерот: