Тој е пејач на група која својот врв на популарност ја доживеа во осумдесетите
Актерот Кристијан Бејл, ѕвездата на трилогијата „Dark Knight“, „American Psycho“ и многу други филмови во текот на неговата 36-годишна кариера, откри кој музичар најмногу би сакал да го игра во филм. Тоа е Шон Рајдер, пејачот на бендот „Happy Mondays“.
„Тој отсекогаш бил толку интересна личност. Јас пораснав сакајќи го бендот „Happy Mondays“, па да, би било забавно да го играм (Шон Рајдер)“, рече Бејл во интервју за „NME“.
Веќе се шушка дека се снима биографски филм за групата „Happy Mondays“. За жал на Бејл, Шон Рајдер ќе го игра Џек О’Конел во овој сè уште ненасловен филм. Режисер на филмот ќе биде Мет Гринхалг.
Самиот Бејл истакнува дека веќе се помирил со фактот дека нема да го глуми Шон Рајдер.
„Веројатно сум премногу стар ако го прават тоа во неговиот цут“, рече Бејл.
Инаку, „Happy Mondays“ е англиски рок бенд основан во Салфорд во 1980 година. Оригиналната постава се состоеше од Шон Рајдер (вокал), неговиот брат Пол Рајдер (бас), Гери Вилан (тапани), Пол Дејвис (клавијатура) и Марк Ден (гитара). Марк „Без“ Бери подоцна и се придружил на групата на сцената како танчер/перкусионист. Ровета се приклучил како втор вокал во 1990 година.
Тие го достигнаа својот комерцијален врв со изданијата на “Bummed” (1988), “Madchester Rave On” (1989) и “Pills ‘n’ Thrills and Bellyaches” (1990). Групата се распадна во 1993 година и се реформира неколку пати во следните децении.