Поладното време е совршена сезона за едно од највкусните задоволства од компири – крокети. Може да се послужат како прилог со месо, но исто толку ќе уживате ако ги послужите само нив
Состојки:
1 кг компири
2 јајца
магдонос
30 гр пармезан
30 гр презла
30 гр брашно
1 чешне лук
Подготовка:
Сварете ги компирите и испасирајте ги. Додадете јајца, сол, магдонос, пармезан, презла, брашно, мелено лукче, бибер и добро измешајте со раце.
Обликувајте топчиња по желба. Наредете ги на хартија за печење и печете во рерна на 200 степени околу 10-15 минути, т.е. додека не добијат златна боја. По желба можете да ги пржите и на масло. Уживајте во овие вкусни крокети!