Ако сте љубители на компири, тогаш ќе бидете воодушевени од грицките направени од нив. Заменете ги грицките купени во продавница со домашни и ќе имате вкусен оброк за малку пари
СОСТОЈКИ:
- 400-500 гр варени компири
- 100гр густин
- Сол,бибер
- оригано
- лук
- 1 јајце
- масло
Подготовка:
Компирите сварете ги во кора, па исчистете ги и испасирајте ги, додадете јајце и измешајте. Посолете, додадете бибер, лук, оригано.
Додадете брашно, ставете го тестото на масата, израмнете и исечете ленти. Секоја од нив се тркала во сукало.
Пржете на масло за да стане крцкаво. Се вади на впивачка хартија. Послужете ги топли самостојно или како додаток на месото.