Крцкаво и вкусно задоволство: Корејско пециво од компир полнето со сирење

popara20 август, 20221min00
pecivo1

Печива полни со сирење се одлични за појадок, но и за вечера.

Брзо и лесно се подготвуваат, па нема да морате да поминувате премногу време во кујната.

Состојки:

500 гр компири
околу 90 гр брашно
1 лажичка шеќер
тврдо сирење

Подготовка:

Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки со средна големина, па сварете ги во солена вода додека да омекнат. Изгмечете ги компирите за да направите пире. Потоа додадете брашно, шеќер, сол, бибер и мешајте додека не се соединат сите состојки. По потреба додадете уште малку брашно. Набрашнете ја раката, па формирајте плескавица од тестото. Додадете парче тврдо сирење и затворете. Обликувајте топка, а потоа притиснете малку со прстите за да се израмните. Секоја страна премачкајте ја со брашно и ставете ја на тавче обложено со хартија за печење или добро набрашнето да не се залепи. Загрејте го маслото и пржете од секоја страна на средна топлина околу 5 минути или додека не порумени. Исцедете го на салфетка.

За полесна подготовка погледнете го видеото:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma