Култниот фустан на Мерилин Монро кој Ким Кардашијан го носеше на Мет Галата е вреден дури 5 милиони долари

popara4 мај, 20221min00
tan2022-5-3515459620-830x0

Фустанот што Ким Кардашијан го носеше на овогодинешната Мет Гала вреди 4,81 милиони долари и се смета за најскапиот фустан продаден на аукција.

Имено, фустанот што го земала Ким го дизајнирал Џин Луис далечната 1962 година, а Мерлин Монро го носела на прославата на 45-тиот роденден на американскиот претседател Џон Кенеди.

Култниот фустан во боја на кожа со повеќе од 2.500 рачно шиени кристали беше купен на аукција во 2016 година од ланецот музеи Ripley’s Believe It or Not за речиси 5 милиони долари.

Фустанот првично чинел 12.000 долари и наводно бил толку тесен што неговите рабови биле сошиени додека бил на актерката, па не е изненадување што Ким била подложена на ригорозна диета пред да „скокне во него“.

Имено, познатата старлета ослабе седум килограми за само три недели, се со цел да блесне на церемонијата на „Мет Гала“.

– Мерилин Монро го носеше фустанот кога му ја отпеа „Happy Birthday“ на претседателот Џон Кенеди во 1962 година. Го пробав и едноставно не функционираше. Им реков да ми дадат три недели и ќе ослабам седум килограми. Беше голем предизвик – им рекла Ким на дописниците на Вог на црвениот тепих.

Погледнете како изгледа Ким во галеријата подолу:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma