Не ги фрлајте киселите мандарини
Сезоната на мандарини е добро во тек, а освен што е вкусно, ова овошје е и исклучително здраво и полно со витамин Ц. Мандарините ќе ви помогнат и во борбата против вирусите, вклучувајќи го и грипот од кој многумина страдаат деновиве.
Меѓутоа, проблемот е што, кога купуваме мандарини, никогаш не можеме да знаеме кои се слатки, а кои кисели, па понекогаш ги купуваме и едвај чекаме да дојдеме дома за да ги јадеме, а потоа сфаќаме дека се премногу кисели.
За среќа, можно е многу брзо да се поправи вкусот на ова овошје, па повеќе не мора да се грижите дали сте купиле слатки или кисели мандарини.
Што можете да направите?
Мандарините можете да ги изложите на високи температури, односно да ги чувате на даска на маса или на прозорец, на силна сончева светлина, можеби 2-3 дена.
Од друга страна, постои побрзо и попрактично решение, а се што треба да направите е да истурите топла вода, приближно 40°C, во сад. Во истиот сад да ги ставите мандарините, а потоа да ги оставите да отстојат во топлата вода околу 10-15 минути. После тоа веднаш натопете ги во ладна вода и готово. Мандарините повеќе нема да бидат кисели, туку слатки, пренесува „24sedam.rs“.