„Купувајте ретко, бирајте добро и направете сами“: Безвременските цитати на модните великани

popara28 декември, 20221min00
Karl-Lagerfeld

Во новата година се трудиме да влеземе инспирирани за нови победи на деловен и личен план, и секако, за нови стилски комбинации. Поради оваа причина, донесуваме неколку познати цитати од најголемите имиња во светот на модата, кои ќе ве мотивираат да го преиспитате вашиот однос кон модата и стилот. Иако нормално е наша работа да ја теоретизираме модата и да ве инспирираме, на крајот на годината ќе им го оставиме тоа на великаните и уште еднаш ќе ги повториме лекциите што им се најважни. Каков безвременски, а сепак многу актуелен совет ќе ви даде Вивиен, како Миуча и Марк гледаат на модата и што упорно тврдеа Карл, Коко, Ив и Џани за време на нивниот живот, прочитајте во продолжение.

 Marc Jacobs

„Отсекогаш верував дека поентата на модата не е само да ги направи жените поубави, туку да им даде самодоверба и да ги направи посигурни во себе“, – Ив Сен Лоран.

„Младите девојки треба да научат дека да се биде секси не значи да се биде голи“. – Марк Џејкобс

„Облеката не значи ништо додека некој не живее во неа“. – Марк Џејкобс

„Облечете се обично и тие ќе го паметат фустанот, облечете се уникатно и ќе ве паметат вас“. – Коко Шанел

„Она што го носите ве претставува пред светот, особено денес кога човечкиот контакт е многу активен и брз. Во моментов – модата е инстант јазик што секој го разбира.” – Миуча Прада

„Купете малку, одберете добро и направете го сами!“ – Вивиен Вествуд

„Најдобрите работи во животот се евтини, а другите најдобри работи се многу скапи“. – Коко Шанел

„Единствената вистинска елеганција е онаа во главата, ако ја имате таа, сè друго тече од неа“. – Дијана Вриланд

„Никој не може да биде overdressed ниту underdressed со мал црн фустан“. – Карл Лагерфелд

„Не грижете се за трендовите, не дозволувајте модата да владее со вас. Одлучете што и кои сте, што сакате и изразете го тоа преку облеката што ја носите и начинот на кој живеете.“ – Џани Версаче

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma