Легендарниот пејач непрепознатлив: Заради болеста оди со бастун, а најновите фотографии го обиколија светот

popara26 декември, 20221min00
ozi-ozborn-830x0

Без помош на бастун, овој 74-годишен музичар не може да се движи, а неговата помошничка е секогаш при рака, па така било и кога Ози Озборн купувал намирници.

Легендарниот музичар оваа недела беше снимен во продавница во Лос Анџелес каде пазаруваше со помош на својата асистентка, а во таа прилика беше снимен од папараците и кога фотографиите се појавија во јавноста, фановите беа изненадени во какво здравје е пејачот на бендот „Black Sabbath“.

Пред десет години на пејачот му беше дијагностицирана Паркинсонова болест и долго време ја чуваше оваа информација во тајност, а за тоа првпат проговори пред три години.

– Само сакам да се вратам на сцената. Морам да се вратам на сцената. Ме излудува што не можам да бидам на сцената. Не можам да се опуштам. Секогаш мора нешто да правам… Мислам, би можел да кажам дека ги прекинуваме настапите, но не можам да престанам. Ништо не е подобро од добра свирка и ништо не е подобро од лоша свирка – затоа што лошата свирка ве тера да сакате да направите добра свирка, подобра од порано! Одлична свирка е подобра од било каков секс или дрога. Нема со што да се споредува – изјави неодамна во интервју за Yahoo.

Рекол и дека секогаш се прашувал како ќе се чувствува кога ќе остари.

– И одеднаш, кога наполнив 70 години, проблемите почнаа да се натрупуваат еден по друг. …Ова е најдолгото боледување во мојот живот – изјави Ози.

Тој вели дека неговите проблеми со одењето не се само поради Паркинсоновата болест, туку и поради падот во кој го повредил ‘рбетот и морал да оди на операција која не била добро изведена, што само ја влошило неговата состојба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag