Калусот на кожата мора да се лечи
Терминот калус се однесува на коскена лузна направена од сврзно ткиво што се јавува на местото на фрактура или сериозна повреда. Калусот на кожата е сличен, само се работи за оштетување предизвикано од продолжен притисок или триење на кожата.
Народски кажано, калусот на кожата е всушност плускавец.
Често се смета дека калусите на стапалата се појавуваат само во лето, кога кожата се поти и е поосетлива на триење.
Сепак, тоа не е точно. Зима, тешки чевли, груби шевови на чорапите и долго носење на чевли и тоа како можат да ја предизвикаат оваа појава.
„Калусот на кожата мора да се третира. Во спротивно, раната нема да може долго да зарасне бидејќи практично е „отвор“ за разни инфекции и им овозможува да навлезат во телото“, велат лекарите.
Како брзо да се ослободите од плускавецот?
Ако калусот се формирал неодамна и постојано „пука“, тогаш лекарите го препорачуваат следново:
Користете медицински фластери на база на силикон, со додавање на салицилна маст.
На проблематичната област нанесете маст за курје око, која има антимикробно дејство и го ублажува воспалението.
Сепак, во повеќето случаи, можат да помогнат и народните „лекови“. На пример, навечер ставете лист од алое на плускавецот и завиткајте го местото со завој. Сок од лимон или сецкан кромид ќе ви помогне да се ослободите од сувите калуси.
Препорачливо е да се чуваат овие облоги што е можно подолго, напоменуваат експертите.