Лекарите тврдат: Честото туширање не е добро за здравјето, а една голема грешка многумина ја прават!

popara17 ноември, 20221min00
Tusiranje

Една од работите што е предмет на дебата меѓу експертите со децении е едноставното прашање:

Колку често треба да се тушираме?

Некои луѓе сакаат да се тушираат наутро за да се разбудат, но експертите предупредуваат дека тоа можеби не е одлична опција, особено за нашата кожа.

– Утринското туширање би можело да ги тргне природните масла од кожата – објаснила професорката Сали Блумфилд од Лондонската школа за хигиена, а потоа додала дека на нашето тело има микроби кои произведуваат непријатни мириси, но не се штетни за нас.

Затоа честото туширање не е најдобра опција за нашата кожа, особено со топла вода, бидејќи ја суши.

Дополнително, туширањето повеќе од еднаш дневно може да ги отстрани и микроорганизмите од телото кои помагаат да се контролира маснотијата на кожата и да не заштити од надворешни фактори.

Ако на почетокот на денот го измиеме природниот заштитен слој, повеќе ќе бидеме изложени на нечистотии и бактерии. Затоа, кога се тушираме по напорниот ден и легнуваме чисти, седум или осум часа се доволни за нашите природни масла да се обноват на кожата. Професорката Сали исто така објасни дека треба да ја разликуваме чистотата од хигиената.

– Луѓето често се збунуваат за разликата помеѓу чистотата и хигиената. Чистотата е она што го правиме за да изгледаме и да се чувствуваме чисто, а хигиената е чистење што го спречува ширењето на бактериите – рече таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma