Интересно е што новата избраничка на Лео е родена во 1999 година, односно две години по неговата улога во „Титаник“ со која се прослави
Леонардо ди Каприо (48) има нова 25 години помлада девојка. Станува збор за младата, амбициозна актерка Викторија Лама, која има 23 години, пишува „Мирор“.
Интересно е што новата избраничка на Лео е родена во 1999 година, односно две години по улогата во „Титаник“ со која се прослави.
Инаку, како што тврди споменатиот медиум, оскаровецот, кој сака девојки кои се најмалку две децении помлади од него, бил виден како влегува во автомобил со актерката додека излегувале од локал во Холивуд.
Леонардо се криел под капа, облечен во црна маица и панталони во иста боја, а од јакната го вадел паричникот.
Лама исто така била во црна комбинација, ѕвонарки, кроп топ и јакна.
Да се потсетиме, Леонардо до неодамна беше во врска со Камила Мороне (25), а неколку пати беа видени заедно во јавноста.
Но, врската не успеа и раскинаа летото оваа година, а подоцна го поврзуваа со Џиџи Хадид (27).