Лесен ручек кој долго ќе ве држи сити: Топло-ладна ПИЛЕШКА САЛАТА готова за минута!

popara8 јули, 20221min00
341880_pilecasalatashutterstock-1738605458_ff

Пилешкото месо е едно од омилените меса во најжешките летни денови бидејќи обично брзо се обработува термички, па домот не се загрева премногу. Додадете зеленчук и ќе добиете оброк полн со влакна кој е богат и заситен, а има едноставно прекрасен вкус.

Состојки:

За салата:

пилешко бело месо
1 главица зелена салата
2 парчиња леб
5 печурки
1 рукола
1 тиквичка
масло

За прелив:

2 рендани краставици со средна големина
половина чаша павлака и уште половина чаша јогурт
3 лажици мајонез
2 рендани чешниња лук
рендан пармезан по вкус
сол и бибер по вкус
лук во прав
мелен бибер

Подготовка:

Пилешкото убаво зачинете го по вкус, премачкајте го со масло и печете во рерна загреана на 200 степени.

За тоа време исецкајте ги печурките и тиквичките, зачинете ги и додајте да се пржат, па додадете го лебот исечкан на коцки.

Кога ќе биде готово, исечкајте ја зелената салата и руколата, па измешајте ги со пржениот зеленчук и лебот и со пилешкото исечкано на помали парчиња. Додадете ги сите состојки за преливот и убаво измешајте.

Посипете со пармезан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma