Лесно се спремаат, а нивниот мирис воодушевува: Сочни крцкави ролни со мелено месо кои се совршен избор за семеен ручек

popara5 јануари, 20221min00
333659_rolnice-shutterstock-1472093159_ff (1)

Состојки:

1 пакување кори
1 голем кромид
400 гр мелено месо
1 голем морков
1 праз
1 голема пиперка
1 жолчка од јајце
масло

Подготовка:

Најпрво е неопходно да се подготви полнењето. Тоа ќе го направите така што ситно ќе ги исечете кромидот, пиперката, а морковот треба да се изренда малку поголем.

После тоа, потребно е сето тоа да се пржи. Така, прво пропржете го кромидот, а потоа додадете ги пиперката и морковот. Потоа се додава меленото месо и се пропржува понатаму и се додава ситно сечканиот праз.

Корите исечкајте ги за да можете да ги завиткате во кифлички, па пред да ги завиткате многу малку премачкајте ги со масло и жолчка, ставете од филот и виткајте во ролат.

Пржете ги на врело масло додека не поруменат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma