Шпанската кралица Летиција од почетокот на годината воодушевува во стилот на деловната гардероба.
Со одмерените стајлинзи, Летиција секогаш наоѓа простор за новитети и интересни кроеви кои не отстапуваат од нејзиниот стил и потребата за деловен изглед, а од друга страна изгледаат интересно и модерно.
Летиција отпатува во Виена со нејзиниот сопруг, кралот Филип Шести.
Шпанската кралска двојка отвори уметничка изложба во виенскиот музеј Белведере, кој е дел од истоимената позната барокна палата, а станува збор за изложба на стотина дела на Салвадор Дали.
Летиција се појави пред палатата во долг, црн капут. Интересен е неговиот А крој, кој не го среќаваме често, а изгледа исклучително елегантно и и ласка на фигурата. Палтото го потпишува Каролина Херера, чии модели кралицата често ги избира.
Како главна тоалета, кралицата избра црно-бел кариран фустан со миди должина, кој се врати минатата година и го освои светот на модата, а гледаме дека во таа насока ќе продолжи од почетокот на 2022 година.