„Летото е наше!“ – Кампања со која се поттикнуваат сите жени слободно да се појават на плажа!

popara30 јули, 20221min00
62351384-zena-plaza

Шпанското Министерство за еднаквост започна летна кампања, за да ги охрабри жените загрижени за тоа како изгледаат нивните тела, со цел да излезат слободно на плажа.

„Летото е наше“, гласи слоганот над снимката од пет различни жени, со различни форми и големини на тело.

Сите тела се за плажа, изјави по тој повод министерот за социјална заштита, Јоне Белара, а пренесува Би-би-си.

Според раководителот на Женскиот институт, Антонија Морилас, физичките очекувања влијаеле не само на самодовербата на жените, туку и ги ускратиле нивните права.

Сликовната илустрација на кампањата, која прикажува пет жени како се опуштаат на плажа, вклучува и жена топлес по мастектомија.

Од Женскиот институт, кој стои зад оваа иницијатива, посочуваат дека ова е обид да се покаже дека сите тела имаат вредност.

Жените треба да уживаат во летото, каде и со кого сакаат, се вели во огласот. Денеска наздравуваме лето за сите, без стереотипи и естетско насилство врз нашето тело, е пораката од кампањата.

Но, не сите беа импресионирани од кампањата.

Некои се прашуваа дали треба да се прошири и на мажите кои немаат таканаречени стандардни тела, додека лидерот на левицата, Кајо Лара вели дека кампањата ја претставува висината на апсурдноста со обидот да се „создаде проблем таму каде што го нема“.

Министерката за еднаквост Анџела Родригез Пам објави порака на Твитер до мажите кои веруваат дека на жените не им треба дозвола од министерството за да одат на плажа.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma