Во јавноста протекуваат се повеќе информации за снимањето на продолжението на филмот „Џокер“. Она што е најважно е дека филмот ќе се вика „Joker: Folie à Deux“, што е термин кој означува идентична или слична ментална болест која зафатила две или повеќе луѓе, најчесто членови на семејството.
Засега не се знае кој ќе биде другиот ментално болен. Првиот, се знае, повторно ќе го игра Хоакин Феникс, кој доби Оскар за таа улога во хитот од 2019. Исто така, режисер и сценарист на продолжението повторно ќе биде генијалниот Тод Филипс.
„Џокер“ пред две години заработи повеќе од милијарда долари на светскиот бокс офис. Таа година беше шести на листата на филмови со најголема заработка, а победи и на филмскиот фестивал во Венеција. Филмот имаше 11 номинации за наградата Оскар, а покрај Феникс, Хилдур Гунадотир ја доби и наградата на Американската филмска академија за оригинална партитура.
Она што е особено интересно е што продолжението на „Џокер“ ќе биде мјузикл. Во првиот филм е позната сцена во која Артур или Џокерот танцуваат, сега ќе танцуваат уште повеќе додека Лејди Гага која ќе ја глуми Харли Квин во продолжението ќе пее.
Дали ова значи дека Лејди Гага ќе ја глуми таа друга личност со ментална болест? Останува да видиме…
Финансиската страна на филмот е веќе позната. Буџетот на филмот „Joker: Folie à Deux“ ќе биде 150 милиони долари и интересно е што на Феникс ќе му биде платено двојно повеќе од Лејди Гага бидејќи тој ќе добие хонорар од 20 милиони долари додека нејзиниот ќе изнесува 10. Во првиот филм хонорарот на главниот актер изнесуваше 4,5 милиони долари, па во продолжение речиси ќе стане петпати поголем.
Иако филмот првично беше сместен во Њујорк, продолжението ќе се снима во Лос Анџелес бидејќи Калифорнија на продуцентите на филмот им нуди даночно олеснување од 12,6 милиони долари.
Покрај двајцата главни актери, познато е дека во филмот во важна улога ќе се појави и Хари Лоти, познат по улогата во серијата „Индустрија“ на HBO, потоа Џејкоб Лофланд, кој ќе го игра цимерот на Џокер во затвор, додека Зази Бец ќе ја репризира улогата од првата од филмот, Софи, сосетката во која Џокерот е вљубен.