Лејди Гага се шета во дуксер и патики со момчето: Познатиот пар застана врати во спортска продавница (ФОТО)

popara25 мај, 20221min00
Screenshot_8

Американската пејачка Лејди Гага се прошета со своето момче облечена како да е на спортски натпревар.

 

Светски познатата поп пејачка реши да ги покаже своите слаби нозе во широк портокалов шорц. За оваа прошетка низ Малибу, таа се одлучи за „преголем“ дуксер, како и за бел молив за очи. Врвот на нејзиниот лежерен изглед беше бејзбол капата што ја носеше под капата од дуксерот, како и обичните бели патики. Парот очигледно се обидувал да се сокрие од очите на јавноста, но не успеале. Тие со своето опуштено однесување и спонтаност воодушевија многу фанови. Нејзината друга половина, Мајкл Полански, исто така носеше капа и дуксер, па може да се каже дека се договориле нивните комбинации на облека да одговараат.

 

Двојката почна да се забавува на крајот на 2019 година, но пејачката реши да ја открие нивната врска во февруари 2020 година. Таа го направи тоа објавувајќи слика од себе и Мајкл на јахта во Мајами. Гага пред оваа врска имаше две неуспешни веридби. Една со агентот за таленти Кристијан Карин, а другата со актерот Тејлор Кини. Засега, сепак, изгледа како љубовниот живот на Гага да има нагорна патека.

 

Покрај работата на тоа поле, таа неодамна објави и нова песна Hold my hand која се врати на музичката сцена и ги воодушеви нејзините фанови, а песната доживеа голем успех.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma