BBC објави листа на најдобри албуми и песни во 2021 година, врз основа на комбинација од повеќе од 30 листи на крајот на годината објавени од највлијателните музички списанија, блогови, весници и радија од целиот свет.
„Sometimes I Might Be Introvert“, четвртиот албум на Лил Симз, раперка родена во Лондон, беше прогласен за најдобра плоча за 2021 година. Албумот беше на врвот на анкетата на BBC News, која ги комбинира резултатите од листата од 30 критичари на крајот на годината.
Првото место доаѓа неколку дена откако Симз, чие вистинско име е Симбијату Аџикаво, беше номинирана за четири Брит награди, вклучувајќи ги и оние за најдобар изведувач и албум на годината.
Останатите уметници на листата се Адел, Оливија Родриго и Лил Нас Икс, а сите, како и победничката, „пееја“ за лични искуства – развод, сомневање во себе, расизам и хомофобија, за да се создаде највпечатлива музика оваа година.
Родриго исто така беше на врвот на листата на Би-Би-Си за најдобри синглови на годината со „Good 4 U“, второто место и припадна на песната „Montero“ во изведба на Лил Нас Икс, додека проширената и повторно снимена верзија на песната Тејлор Свифт од 2012 година „All Too Well“ го зазеде третото место.
Но, некои од најпродаваните песни оваа година не наидоа на пофалби од критичарите.
„Bad Habits“ на Ед Ширан, кој помина 11 недели на прво место, не доби ниту еден глас, додека „Butter“ – летната танцова химна на групата БТС за коса помина меѓу првите 20.
Слично на тоа, одличните нови албуми на Coldplay, Drake и Abe, речиси и да не собраа гласови кога е во прашање рангирањето на овогодинешните изданија.
Наместо тоа, листата вклучува изданија од помалку познати уметници како што се Тајлер The Creator и „Self Esteem“.
10 најдобри албуми за 2021 година.
1. LittlelSimz – “Sometimes I Might Be Introvert”
2. Floating Points, Pharoah Sanders & The London Symphony Orchestra – “Promises”
3. Olivia Rodrigo – “Sour”
4. Japanese Breakfast – “Jubilee”
5. Jazmine Sullivan – Heaux Tales
6. Tyler, The Creator – “Call Me If You Get Lost”
7. Self Esteem – “Prioritise Pleasure”
8. Low – “Hey What”
9. Lil Nas X – “Montero”
10. Adele – “30”
10 најдобри песни за 2021 година.
1. Olivia Rodrigo – “Good 4U”
2. Lil Nas X – “Montero” (Call Me By Your Name)
3. Silk Sonic – “Leave The Door Open”
4. Taylor Swift – “All Too Well” (Taylor’s Version)
5. Wizkid ft Tems – “Essence”
6. Caroline Polachek – “Bunny Is A Rider”
7. Billie Eilish – “Happier Than Ever”
8. Olivia Rodrigo – “Drivers Licence”
9. Wet Leg – “Chaise Longue”
10. Muna ft Phoebe Bridgers – “Silk Chiffon”