Лудило! Канје Вест ја заследил Карлеуша на Инстаграм

popara9 март, 20221min00
kanje-vest-jk-830x0

По бројните личности од светот на шоу-бизнисот, Јелена сега ја заследи и една од најголемите планетарни ѕвезди

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша на Инстаграм ја следи и познатиот рапер и поранешен сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест.

По бројните личности од светот на шоу-бизнисот, на Јелена сега друштво и прави една од најголемите планетарни ѕвезди.

Карлеуша претходно не го следеше Канје, а откако тој ја заследи на Инстаграм, поп ѕвездата му возврати.

Вест сигурно знае која е Јелена веќе со години, со оглед на тоа што американските медиуми шушкаа дека Ким ја копира Карлеуша со нејзините стајлинзи и фризури.

После тоа, Кардашијанката и посвети блог на поп-ѕвездата и го пофали нејзиниот стил, наведувајќи дека е „фабулозна“.

-Овонеделната женска симпатија е српската поп ѕвезда Јелена Карлеуша! Првпат слушнав за тоа кога споредија некои од нашите изгледи – некои велат дека сум ја копирала. Се разбира, морав веднаш да ја видам. Навистина е прекрасна! Некои од нејзините стајлинзи навистина изгледаат како моите – го сакам нејзиниот смел стилски израз! И двете сме тотално глам! Ми се чини дека е моќна жена која напорно работи и тоа ми се допаѓа! Ја почитувам – напиша тогаш Ким со фотографиите на Јелена.

kanje-830x0
kanje1-830x0

Иако досега јавно не коментираше за Јелена, што тогаш го направи неговата поранешна сопруга, Канје очигледно е воодушевен од неа, па ја заследил на Инстаграм, со што многу светски ѕвезди не можат да се пофалат.

Фановите на раперот, кои го следат секој детаљ од неговиот живот, не ја пропуштија ниту оваа вест.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma