
Колку и да е добра, црната облека се мие и избледува со текот на времето, поради што треба да обрнете посебно внимание на одржувањето.
Меѓутоа, доколку забележите дека ја изгубила првобитната боја, односно избледела, можете да искористите еден трик. Се што ви треба е црн пипер.
Кога ќе ги ставите црните алишта во барабанот, додадете една лажичка црн пипер во прав, што е околу пет грама. Потоа вклучете ја машината и измијте ги алиштата на стандардна програма.
Облеката избледува поради насобирањето детергент, а абразивноста на пиперот ќе ги „олупи“ овие остатоци, додека црнилото на зачинот ќе и даде дополнителна црна нијанса на вашата облека.