Уште од мали нозе се гледа дека еден ден ќе бидат спортисти
Астролозите веруваат дека сите сме родени со одредени предиспозиции. Така, кај некој уште додека е дете можеме да видиме дека има добри моторни вештини и дека еден ден сигурно ќе спортува.
Атлетските типови не работат само за изгледот, тоа е начин на живот, а тренинзите навистина ги исполнуваат. Фокусирани се, одлучни и не признаваат пораз.
Астролозите наведуваат дека најдобрите спортисти се раѓаат во четири хороскопски знаци.
- Овен
Овните се родени спортисти. Тие се мускулести, силни и издржливи, па се истакнуваат во различни спортови. Вежбањето за нив не е само задоволство, туку и потреба. Имаат натпреварувачки дух, па желбата за победа и совладување на противникот ги поттикнува напорно да тренираат.
- Лав
Лавовите сакаат да бидат први и најдобри во сè, вклучително и во спортот. Желбата за победа ги поттикнува на интензивни тренинзи и големи напори. Иако им одговараат индивидуални спортови, добро се снаоѓаат и во тим, но само ако го преземат водството. Тогаш ќе ги мотивираат своите играчи и ќе им дадат волја да го остават срцето на теренот.
- Шкорпија
По природа, припадниците на овој знак се со натпреварувачки дух и секогаш сакаат да бидат најдобри. Сè што прават, го прават со срце и страсно му се посветуваат, па такви се и во спортот. Тие се издржливи и можат да издржат големи напори. Постојано ги надминуваат своите физички и психички граници, а имаат и неверојатна моќ на опоравување, па затоа се непобедливи во спортот.
- Јарец
Јарците можеби немаат совршени физички предиспозиции за спортови како горенаведените знаци, но поседуваат силен ум и фокус што може да ги однесе до врвот. Кога ќе одлучат да направат нешто, тоа ќе го направат по секоја цена, а трудољубивоста, дисциплината, подготвеноста за жртвување и одрекувањето се причините поради кои меѓу големите спортисти има многу кои се родени во овој знак.