Убава насмевка и блескави бели заби секогаш пленат. Една евтина состојка која ја има речиси во секој дом може да ви помогне брзо и едноставно да ги избелите забите.
Куркумата е во состојба да ги избели забите и за неколку нијанси, а при тоа да не ја оштети забната глеѓ.
Ова средство што најчесто се користи како зачин, е потполно природно, не содржи хемиски супстанци кои може да ги оштетат забите и непцата. По само една недела редовно користење на пастата за избелување од куркума, може да се забележат видливи резултати.
Она што треба да го направите е следното: Во малку куркума се става четката за заби и со неа се четкаат забите на вообичаениот начин/ НО после чистењето, устата не се испира веднаш туку се одстава пастата да делува околу 3-5 минути. За тоа време куркумата ќе направи чудо.
После тоа време, устата темелно се исплакнува за да се отстранат и најситните зрнца куркума кои може да останат меѓу забите. Резултатот е видлив уште по првиот третман. Ако не сте задоволни, процедурата ја повторувате во текот на неделата.
Може да направите и паста на база на куркума. Пастата се подготвува многу едноставно. Се зема ¼ лажица куркума, во неа се додаваат неколку капки маслиново или кокосово масло. Со оваа паста потоа се четкаат забите на вообичаениот начин.
Куркумата не само што ги избелува забите, туку е и одличен антисептик и природен антибиотик. Таа ги лекува раничките и ситните пукнатини, како и малите воспалителни процеси во усната шуплина и помата при крварење на непцата.