Мадона во петокот на ТикТок споделила видео на кое танцува, тверка и скока во долна облека, а фановите се загрижени за неа поради нејзините „вознемирувачки“ објави на социјалните мрежи, пренесува „Page Six“.
На најновата видеоснимка, 64-годишната кралица на поп музиката носела црна чипкана долна облека и мрежести хулахопки, а танцувала на песната „L$D“ од „Luclover“.
@madonna
На видеото Мадона гледа во камерата неколку секунди, ја мести долната облека, го вади јазикот и се врти кон камерата за да го покаже својот задник, а ваквото издание на пејачката повторно ги подели мислењата на фановите.
„Ова не е Мадона што ја познавав“, „Сега почнуваш да ме плашиш“, „Немам поим која е оваа личност“, „Најлошо е кога баба се обидува да биде секси“, „Трепни ако ти треба помош“, „Гледајте во живо како се губи достоинство“, се дел од коментарите на фановите, но има и такви кои ја бранат својата омилена пејачка и тврдат дека таа треба да објавува што сака.
„Зборувајте што сакате за Мадона, но таа е легенда“, „Мадона отсекогаш била контроверзна. Зошто сите мислевте дека тоа ќе се промени со годините?“, гласат другите коментари.