Нема жена која не полудела барем во една од овие 5 ситуации, па затоа време е да го слушнете објаснувањето од машки аспект.
Иако вие сметате дека се работи за изневерување, момците го тврдат токму спротивното.
- Не одговара на пораката во рок од 3 минути
Дали знаете што значи ако не ви одговориме на пораката во рок од 3 минути? Зафатени сме! Не си правете сценарија во главата дека нешто не е во ред.
- Има пријателки
И вие имате другари, но дали тоа значи дека имате желба да спиете со нив? Точно така. Пријателите ни се во различни облици, вклучувајќи го и полот.
- Излегува сам со пријателките
Ова не мора веднаш да значи покана за секс. Верувајте дека шансите да излеземе со пријателка и да не завршиме голи се реални.
- Сака да помине време без вас
На почетокот сите минуваме низ период кога не сакаме да се одвоиме. Но, со тек на време се случува спротивното – ни треба простор и време. Ако сакаме слободна сабота без вас, тоа не значи дека не нè интересирате.
- Опадната желба за секс
Постојат милион причини зошто не ни е до секс. Колку и да не звучи машки, некогаш само ни се спие.