Има пози во кои жените имаат целосна контрола, но во некои зависат исклучиво од партнерите. Каубојката (поза „таа е горе“) дефинитивно е дел од првата категорија и е една од омилените пози на многу жени.
Токму затоа што жената има целосна контрола, може да се фокусира и на она што најмногу и се допаѓа.
Можеби не е најпопуларната секс поза во сите генерации, но партнерите секако ја практикуваат. Дополнителен бонус на „каубојката“ – многу жени не можат да ја доживеат кулминацијата во оваа поза, па затоа е сосема природно и можно да се надополни со стимулација со рака или секс играчка, па оваа поза носи целосно задоволство.
Меѓутоа, жената понекогаш се чувствува непријатно во оваа поза, бидејќи на овој начин е целосно изложена на очите на партнерот. Тогаш мажите имаат целосен преглед на сите „несовршености“ на телото на партнерката, но воопшто не се фокусираат на тоа. Важно им е голото тело да е пред нив.
Некои мажи го споделија своето мислење за оваа поза на социјалната мрежа „Редит“.
„Посебно ми се допаѓа кога е горе и дава се од себе за да ја почувствува кулминацијата. Ме возбудува кога гледам дека ја презема контролата над тоа. Тоа е воедно и најчестиот начин на кој јас и жена ми имаме секс“.
„Може да се потпре на моите гради, таа поза ме возбудува. Многу ми се допаѓа и кога ме бакнува за време на сексот“, пренесува „miss7.24sata.hr“.
„Ова може да биде општ совет, бидејќи важи за сите во повеќето секс пози, но внимавајте на реакциите на другиот. Кај каубојката тоа е можно. На звуците и изразите на лицето. Ако одредена брзина, ритам или агол навистина им одговара, тоа треба да се види и слушне“.
„Без разлика како мислите дека изгледате, нема од што да се срамите. Те сакаме и мислиме дека изгледаш проклето згодно“.
„Не плашете се да бидете малку себични кога сте горе. Ова е поза каде што имате најголема контрола. Искористете го тоа во ваша корист“.
„Треба да бидете искрени еден кон друг, не само со себе. Подобро е да ги менувате позите кога ќе се изморите, отколку да продолжите кога веќе немате сила. Тоа е само еден обид за постигнување на целта, кој не успева. Се префрламе од мисионерска поза во каубојска поза, на пример. Ако ви треба пауза, направете ја“.