Мажот кој ја следеше Тејлор Свифт подивел во судницата, па барал ОВА да му го дозволат!

popara6 јули, 20221min00
taylor-swift-830x0

Џошуа Кристијан (35) од Бруклин, кој беше уапсен и обвинет за демнење на пејачката Тејлор Свифт, направи хаос за време на судењето.

Имено, тој наводно не можел да се смири, и им викал на сите што случајно се нашле таму.

– Дали сте најголемите шегобијци во историјата или всушност сте вистински? Докажете дека сте вистински, рикал тој.

Покрај тоа, тој побара и да му се дозволи да се откаже од адвокатот што му го додели судот и да се застапува самиот.

Тој е обвинет дека на 26 март провалил низ незаклучената врата на еден од домовите на Тејлор Свифт во Њујорк и дека и се заканувал преку домофон на 12 јуни.

Тој стоеше надвор од нејзиниот дом, демнејќи и чекајќи таа да се појави.

Тој, наводно, бил и во нејзиниот дом во Тенеси, но датумот е непознат. Минатиот петок тој беше уапсен поради следење и криминално навлегување во станот на пејачката.

Инаку, Џошуа и претходно ѝ бил познат на полицијата на Флорида, каде што бил уапсен поради „невнимателно возење“.